Нов НБА тим на продажба: Портланд добива нов сопственик

Една од најнеуспешните НБА франшизи во последната деценија, Порталнд Трејлблејзерс наскоро би можел да добие нов сопственик откако фондацијата Пол Џи Ален изрази желба за продажба на акциите.

Оваа информација ја сподели Бил Симонс кој откри дека станува збор за договор од над четири милијарди долари и дека веќе постои интерес од странка.

„Единствените две работи кои ги слушнав се дека цената е над четири милијарди и дека постои човек кој е заинтересиран“, откри Симонс на својот подкаст.

Портланд не забележа значаен успех во последните 10 години па остана и без најголемата ѕвезда на тимот Дамиен Лилард кој во потрга по поголеми амбиции замина во Милвоки. Сега тимот го очекува нов „ребилдинг“ во кој како главен адут се очекува да биде „кинескиот Јокиќ“, Јанг Хансен.

Се вчитува...