Кошаркарите на Индијана славеа против Денвер со 125-120 нанесувајќи му го четвртиот едноподруго пораз во НБА лигата.
На Денвер не му помогна ниту новата историска партија на Никола Јокиќ, со нов „трипл-дабл“ учинок од 41 поен, 15 скока и 13 асистенции.
Ова е 32-ри „трипл-дабл“ за Јокиќ сезонава, надминувајќи го Вилт Чембрлен, кој беше центар со најмногу во една сезона со 31.
Кристијан Браун постигна 30 поени, осум скока и четири асистенции, Расел Вестбрук имаше 16 поени, пет скока и четири асистенции, а Мајкл Портер имаше 15 поени, шест скока и четири асистенции.
Индијана ја предводеа Мајлс Тарнер со 24 поени и Оби Таупин, кој стартуваше вторпат сезонава, со 22 поени. Ендрју Нембхард додаде 19 поени и шест скока, а Тајрис Халибартон девет поени и 14 асистенции.
TONIGHT NIKOLA JOKIC:
➡ 41 POINTS
➡ 15 REBOUNDS
➡ 13 ASSISTS
➡ 18/33 FGBUT IT ENDS IN HEARTBREAK. 😤 pic.twitter.com/F0JgmSKqsj
— Digits Sports App (@Digits3App) April 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

