Кошаркарите на Пелистер го загубија и третиот натпревар во „балонот“ во Сарајево од АБА 2 лигата, откако денеска во пладневниот натпревар загубија во крајно интересен натпревар од Златибор Чајетина со 85-83.
Натпреварот почна во израмнета игра, а по десет минути тимот на Златибор имаше позитива од два поени (19-17). Голем пад се случи во втората четвртина на избраниците на Марјан Илиевски која ја загубија со девет поени разлика и на пауза заминаа со негатива од 43-32.
Во вториот дел „зелено-белите“ заиграа многу подобро. Третата четвртина ја добија со три поени разлика и пред последните десет минути се прибилижија на минус осум (64-56). Одличната игра продолжи и во последниот период во кој целосно се вратија во натпреварот и успеаја да израмнат на 83-83. Сепак во последниот напад Србите успеаја да поентираа, а Ѓуровски не успеа да донесе победа со шут од половина терен во последната секунда.
Малешевиќ со 30 поени беше најдобар поединец во таборот на битолчани, додека кај Златибор се истакна Протиќ со 21 поен.
🔨🔨 Ljubomir Mladenovski!
Zlatibor – Pelister-Bitola#ABALiga2 pic.twitter.com/JTpMYECHHd
— ABA Liga 2 (@ABA_League2) December 18, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА