Српската кошаркарска репрезентација го доживеа својот втор пораз од Турција со 94-86 во квалификациите за Мундобаскет.
Сега српската репрезентација загуби во Истанбул, па по четири кола е со половичен успех од две победи и два порази. Турците со овие победи, пак, го обезбедија првото место во Групата Ц.
Во тимот на Ергин Атаман, Тарик Биберовиќ предводеше до победата со 21 поен, Омер Јуртсевен – 17, додека Шехмуз Хазер имаше 15 поени.
Во поразот на Србија, Алекса Аврамовиќ беше најефикасен со 16 поени, Огњен Добриќ имаше два помалку, додека Дејан Давидовац постигна 12 поени. Двоцифрен број поени имаше и Стефан Миљеновиќ со десет поени.
Босна и Херцеговина убедливо со 60-91 славеше на гостувањето против Швајцарија.
А, Грција, пак, со 65-79 ја победи Црна Гора, исто така на гости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

