Кристијано Роналдо стигна до уште едно неверојатно остварување во кариерата, откако Португалецот стана прв фудбалер во историјата на овој спорт со над 1.000 натпревари без пораз во кариерата.
Информацијата ја потврди и Меѓународниот Сојуз за фудбалска историја и статистика, според која триумфот на Ал Наср над Персеполис од 2-0 беше јубилеен за португалската фудбалска легенда. По тој меч, Кристијано забележа уште еден триумф, славејќи со 4-3 на дербито со Ал Ахли.
Од овие 1001 натпревар без пораз, Роналдо 28 одигра во дресот на Ал Наср, 284 како член на Манчестер Јунајтед, 114 за Јувентус, 386 со Реал Мадрид, 21 со Спортинг Лисабон и 168 за националниот тим на Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

