Нов нокаут за „милионерите“ од Дортмунд

Борусија Дортмунд делуваше застрашувачки на стартот од сезонава, но „милионерите“ во последно време заборавија да победуваат, па веќе три кола во Бундес-лигата се без триумф. Воедно, со денешниот пораз во Хановер од 4-2, Борусија ќе го загуби и првото место на табелата, на кои ќе се најде Баерн или Лајпциг, во зависност од резултатот на дербито што ќе се игра на „Алијанц арена“ во 18.30 часот.

Борусија денеска неочекувано потклекна на гостувањето кај новиот прволигаш со 4-2, откако „милионерите“ минаа голем дел од мечот бркајќи резултат. Тие се вратија од 1-0 и 2-1, но откако црвен картон доби стрелецот на првиот гол Загаду, фудбалерите на Хановер ја искористија предноста од играч повеќе и дојдоа до триумф со евроголот од слободен удар на Клаус. Конечните 4-2 беа дело на Бебу во 86. минута, втор гол на овој играч на натпреварот.

Баер Леверкузен со фуриозна игра во второто полувреме успеа да триумфира над Келн со 2-1, откако гостите неочекувано имаа водство по 45 минути игра. „Фармацевтите“ во вториот дел постигнаа два гола и преку Бејли и Бендер ја продолжија серијата од пет средби без пораз.

Шалке ремизираше 1-1 на домашен терен против Волфсбург, меч на кој гостите спасија бод со голот што во 94. минута го постигна Дивок Ориги.

Резултати Германија:

Баер Л. – Келн 2-1, Хановер – Борусија Д. 3-2, Шалке – Волфсбург 1-1, Хофенхајм – Борусија М. 1-3, Херта – Хамбургер 2-1.

Се вчитува...