Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лејвин Курзава, е најновата „жртва“ на уцена во Франција, случај кој е поврзан со фудбалската репрезентација на „триколорите“. Тој е уценуван со видео снимка, која е направена во еден бар во Париз, а тој упатува лични навреди кон селекторот Дидие Дешамп.
По ова уценувачите од Курзава побарале 200.000 евра за да не ја објават видео-снимката во јавноста, но фудбалерот одлучил целиот случај да го пријави во полиција. Курзава веќе дал свој исказ во Одделението за организиран криминал во Париз, а полицијата работи на откривање и приведување на натрапниците.
Претходно, и Карим Бензема имаше огромни проблеми, откако се вплетка во обид за уцена на Матју Валбуена, на кого му изнудуваа пари за наводна секс – снимка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА