Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски запиша уште еден одличен настап за италијанскиот Тренто.
Јакимовски во победата на Тренто против Тортона од 89-75 запиша 14 поени, дополнети и со пет скока, за 14 минути игра на паркетот.
Претходно македонскиот кошаркар забележа и одличен настап во Еврокупот за Тренто, запишувајќи и по 15 поени на дуелите против Будуќност и против Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

