НБА франшизата Бруклин Нетс влезе во друштвото на тимови кои оваа сезона направија тренерска промена откако се одлучи да му врачи отказ на тренерот Жак Вон по катастрофалните резултати оваа сезона.
Вон го превзема тимот од Њујорк во месец ноември претходната година откако претходно беше помошен тренер на овој тим, но не успеа да направи значаен успех. Напротив, оваа сезона има биланс од 21 победи и 33 порази со што „црно-белите“ се на 11. место во Источната конференција.
„Ова беше тешка одлука, но мислиме дека е во најдобар интерес за тимот да оди нанапред“, изјави генералниот менаџер Шон Маркс.
Sources: The Brooklyn Nets have fired head coach Jacque Vaughn. pic.twitter.com/bvzYmvkMQ0
— Shams Charania (@ShamsCharania) February 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

