Нов отказ во Премиер – лигата: Марк Хјуз не е веќе менаџер на Стоук

Англискиот премиерлигаш Стоук се раздели со својот досегашен менаџер Марк Хјуз, по серијата слаби резултати на тимот. На Хјуз му пресуди нисколигашот Ковентри, кој го победи Стоук во ФА купот, па раководството на клубот одлучи да му даде отказ.

Стоук забележа само две победи на последните 13 натпревари и на табелата во Премиер – лигата се наоѓа во опасната зона. Тимот е на 18.позиција со 20 освоени бода, колку што има Саутемптон, кој е веднаш над опасната зона. Раководните луѓе на клубот одлучија да се разделат со Марк Хјуз и така да се обидат да донесат позитивни промени во својот тим.

Се вчитува...