Кошаркарот на Реал Мадрид, Руди Фернандез е новиот играч од составот на Пабло Ласо кој ќе се тргне од терените поради повреда на бутниот мускул. Неговото отсуство ќе трае околу две недели, додека повредата доаѓа во најлош можен период за „кралевите“ бидејќи во следните десетина дена ги очекува три тешки дуели во Евролигата, против Валенсија, Бросе бамберг и шампионот Фенербахче.
Фернандез се повреди на средбата против Одрадоиро, на кој „кралевите“ триумфираа со високи 102-93. Шпанскиот репрезентативец се придружува во „тимот“ на повредените составен од Љуљ, Кузмиќ, Ајон, Рендолф и Кампачо.
Во досегашниот дел од сезоната Руди бележи 8.5 поени, 2.1 скок и 1.3 асистенции по натпревар во шпанското првенство, додека во Евролигата има просек од 7.7 поени и 2.2 асистенции по средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА