Нов „пенал-трилер“ на Африканскиот куп – Екваторска Гвинеја го шокираше Мали (ВИДЕО)

Екваторска Гвинеја стигна до сензационална победа над Мали по изведување на пенали со 6-5 во осминафиналето од Африканскиот куп на нации и со тоа стигна до голем успех и пласман меѓу осумте најдобри на шампионатот.

Регуларните 90 минути не ни донесоа буквално ништо, а слично беше и во продолженијата каде двете репрезентации само чекаа да се стигне до изведување на пеналите. Таму посреќна беше репрезентацијата на Екваторска Гвинеја.

Во четвртфиналето Екваторска Гвинеја ќе игра против Сенегал.

 

 

 

Се вчитува...