Македонскиот претставник во регионалната женска кошаркарска лига (ВАБА) Бадел го забележа и вториот пораз во главната рунда од ова натпреварување, откако денеска на гостински терен загуби од Војводина со 79-55.
Домаќинките уште во првиот период ја покажаа разликата во квалитет добивајќи го со 23-7. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 79-55.
Ивана Кметовска со 22 поени повторно беше прво име во таборот на „баделки“, додека кај победникот Лумис заврши со ист број на поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА