Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се на чекор до НБА прстенот, откако на домашен терен го совладаа Бостон Селтикс со 104-94 и сега водат со 3-2 во победи во големото финале.
Домаќините до триумфот дојдоа и покрај тоа што Стеф Кари првпат во кариерата не даде ниту една тројка во плеј-офот, па на тој начин ја прекина серијата од 132 натпревари со најмалку една тројка.
Препородениот Ендрју Вигинс продолжува да радува и беше најзаслужен за триумфот на Вориорс со 26 поени, 12 скока и 2 асистенции и една украдена топка. Клеј Томпсон постигна 21 поен, а Стеф Кари додаде 16 поени, 3 скока и 8 асистенции.
На полувремето Бостон губеше со 12 поени разлика, но во третиот период постигна дури 35 поени и направи пресврт, па Пул со тројка со звукот на сирената ги одведе Вориорс до последниот голем брејк со +1. Тоа беше вовед во брилијантната одбрана на Голден Стејт во последната четвртина, а интересно е што процентот на шут на Џејсон Тејтум беше сведен на само 21% во последната четвртина во финалето.
Најефикасен кај Селтикси беше Тејтум со 27 поени, 10 скока и 4 асистенции, Маркус Смарт имаше 20 поени, 3 скока и 2 асистенции, а Џејлен Браун постигна 18 поени, 9 скока и 4 асистенции.
Бостон ќе биде домаќин на шестиот натпревар, а истиот се игра на 17 јуни со почеток од 03.00 часот по полноќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

