Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев и неговата АЦХ Љубљана го забележаа и четвртиот пораз во исто толку натпревари во Лигата на шампионите.
Тие вечерва беа поразени со максимални 3-0, по сетови 25-16, 25-16 и 25-19 од полскиот Жежов со што шансите за пласман во следната фаза ги сведоа на теорија.
Елиминација од второто по ранг европско натпреварување ЦЕВ купот, доживеа ПАОК на македонскиот селектор Јошко Миленкоски. Вечерва во реванш средбите од осминафиналето, ПАОК и вторпат беше поразен од силниот италијански тим Милано, овој пат со 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА