Нов пораз на Хрватска, овој пат светскиот шампион со пресврт дојде до триумф (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Хрватска доживеа нов пораз во елитната дивизија во Лигата на нации. По дебаклот кој го доживеаја пред три дена во Ријека кога примија седум гола од Англија, вечерва „коцкестите“ на „Пољуд“ во Сплит загубија со 1:2 од светскиот шампион Шпанија.
По четири кола, Хрватска има учинок од една победа над Чешка и три порази (двапати од Шпанија и еднаш од Англија).

Хрватите во желба да се извадат за дебаклот со Англија, тргнаа офанзивно и таквата игра вроди со плод во 17-та минута кога ветеранот Иван Перишиќ го совлада Симон.

 

Croatia [1]-0 Spain – Perisic 17′
by
u/xggq in
soccer

 

Хрватска имаше уште една одлична шанса во првиот дел да го зголеми водството, но овој пат Симон одлично интервенираше.

Во второто полувреме, „фуријата“ ја презеде контролата врз топката и со долги акции го напаѓаше голот на Ливаковиќ.

Потегот на селекторот Де ла Фуенте, на стартот од вториот дел да го внесе во игра Мерино се покажа одличен бидејќи фудбалерот на Арсенал ги постигна двата гола за триумф на „Фуријата“. Прво во 61-та минута погоди за израмнување, а во финишот, во 88-та минута по вторпат го совлада Ливаковиќ за триумф од 1:2.

Шпанија по четири кола има максимални 12 бода, додека Англија е второпласирана со девет освоени бодови.

Англичаните без поголеми проблеми дојдоа до триумфот од 3:0 над Чешка. Резултатот беше отворен со автоголот на Цоуфал, по што на сцена стапи Хари Кејн кој двапати стрелаше во мрежата на Чесите, во 40-та и во 57-та минута.

Се вчитува...