Нов пораз на кошаркарите: Сега ги чека голема борба за опстанок во А-дивизија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години ќе игра за опстанок на Европското првенство откако денеска загуби од Израел со 85-73 во меч во разигрувањето од 9. до 16. место.

Израелците фуриозно го отворија натпреварот и веќе по првите десет минути имаа двоцифрена предност 26-16. До крајот на првиот дел Израел успеа да ја задржи оваа предноста и на пауза да замине со позитива од 49-38.

Откако кошаркарите на Израел останаа на сигурна позитива по три четвртини, нашите надежи успеаја да фатат приклучок во последниот период и на четири минути до крајот да дојдат на само минус четири 75-71. Сепак, до крајот Израелците успеаја да издржат и да стигнат до триумф од 85-73.

Дамјан Данев со 23 поени и осум скока беше прво име во таборот на нашата репрезентација, додека кај победникот се истакна Габриел Артменко со 22 поени.

Се вчитува...