Нов, овојпат убедлив пораз на ракометарките на Куманово во Европскиот Куп. И денеска тимот на Херцогенбуше го совлада македонскиот тим со 31-17, и по вчерашните 29-22, се пласираше во следното коло од европското натпреварување.
Швајцарките уште по првиот дел го решија прашањето околу победникот, откако водеа со 16-10. До израз дојде и малиот играчки кадар на тимот на Куманово.
Цветановска кај кумановки беше најефикасна со седум гола. Сега Куманово ќе се сврти кон домашниот шампионат, и кон Купот. Тие се актуелни бранителки на трофејот во Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА