Промената на Љубомир Савевски на чело на сите женски ракометни репрезентации досега не покажува дека носи промени во македонскиот ракомет.
Иако Јулијана Дамчевска беше најавувана како тренер кој ги познава младите наши девојки и со кои работи целиот живот, таа повторно не успеа да стигне до победа, откако и на третиот натпревар на „Трофеј карпати“ Македонија загуби овојпат во неизвесен натпревар од Србија со 29-30.
Иако нашите ракометарки на петнаесет секунди до крајот на мечот постигнаа гол за реми (29-29), сепак Србинките успеаја да го реализираат последниот напад и буквално во последната секунда од мечот да стигнат до триумф од 29-30.
По преземањето на младата селекција на Македонија, Дамчевска забележа само една победа и тоа против Соединетите Американски Држави кои се далеку од врвот во европскиот и светски ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА