Фудбалерите на српски Партизан доживеаја вистински срам во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Откако на првиот меч минатата недела загубија на гостувањето кај Динамо Киев со убедливи 6-2, тие доживеаја пораз и на денешниот реванш на домашен терен од 0-3.
Стрелци на головите за украинскиот тим беа Јармоленко во 17. минута, Ванат од пенал во 68. минута и Караваев во 93. минута. Во третото коло од квалификациите за ЛШ, Динамо Киев ќе игра против шкотски Ренџерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА