Македонскиот прволигаш Работнички го забележа и петтиот пораз во исто толку натпревари сезонава во АБА 2 лигата откако вечерва очекувано загуби на гостувањето во Црна Гора кај Сутјеска со убедливи 94-75.
Центарци одиграа добро прво полувреме во кое имаа негатива од само четири поени (49-45). Сепак, во вториот дел се тргна низ брдо, па на крајот домаќините без поголеми проблеми стигнаа до конечен триумф од 94-75.
Немања Капетановиќ со 18 поени беше прво име во таборот на Работнички, додека кај победникот Старовлах и Баровиќ постигнаа по 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА