Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство до 19 години во Црна Гора, откако денеска во второто коло загубија од Полска со 18-28.
Полјачките подобро го отворија натпреварот и во еден момент имаа и плус седум 4-11. Сепак, до крајот на првиот дел нашите избранички одиграа на ниво и на пауза заминаа со негатива од само три гола 8-11.
Полските репрезентативки фуриозно тргнаа и во вториот дел, па многу брзо ги разрешија сите дилеми околу победникот и на крајот стигнаа до триумф од 18-28.
Aнастасија Трпеска со четири гола беше најефикасна во нашиот табор, додека кај победникот Зузана Зимничка постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

