По претходните порази од Стеауа и Дукла Прага, македонскиот шампион го доживеа и третиот пораз за време на подготовките во Анталија, овој пат од сплитски Хајдук, минимално со 0-1.
Стрелец на единствениот погодок вреден победа за хрватскиот прволигаш беше Охандза во 72. минута од средбата.
Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски денешниот дуел го почна со следниот состав Алексовски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Велковски, Новак, Демири, Глигоров, Фелипе, Николов, Блажевски и Којашевиќ.
Освен трите порази, Вардар досега има и едно реми (1-1) во Анталија, со руски Амкар.
ФОТО: www.fkvardar.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА