Европската фудбалска Супер лига, која сe уште воопштo не е ниту формирана, го доживеа првиот пораз. Компанијата која што е дел од организацискиот одбор на Суперлигата пред судот на ЕУ се обиде да го заштите името „Супер лига“ како свој бренд, но оваа постапка не помина според очекуваното на раководните луѓе на лигата која и не функционира.
Судот на ЕУ пресуди дека името „Супер лига“ е во судир со веќе заштитеното име на данските клубови кои во својата оригинална форма гласи „Superligaen“ што во превод значи исто – Супер лига.
Обидот на раководството на Супер лигата беше да се регистрира името „THE SUPER LEAGUE“. Откако кон крајот на 2023 година Европскиот суд на правдата пресуди дека клубовите може да се организираат и надвор од УЕФА, голем број екипи одлучија дека нема да учествуваат, па некако целата фама која се создаде спласна и во последниот период нема никакви информации околу можноста за учество на некои екипи, освен Реал Мадрид и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

