Нов пораз на Тофаш, Рајковиќ се подалеку од 1/4 финалето во ФИБА Лигата на шампионите

Екипата на Тофаш која ја предводи македонскиот тренер Емил Рајковиќ, е се подалеку од 1/4 финале во ФИБА Лигата на шампионите, откако турскиот тим загуби на гостувањето во Берлин кај Алба со 69-60.

Така со овој триумф, Алба заедно со грчкиот АЕК се издвоија на првите две места на табелата. Тофаш остана со само една победа во групата, на две кола до крајот.

АЕК е лидер со 8 бодови, Алба има седум, а Тофаш е трета со пет бодови. Грчкиот тим Кардитас е последен со четири бодови.

Се вчитува...