Нов пораз на Томовски и Потсдам во Бундес-лигата

Мартин Томовски и Потсдам ќе мора да почекаат уште извесен период на прва радост во Бундес-лигата откако македонскиот голман и неговиот нов тим во третото коло од елитното германско ракометно друштво го претрпеа и третиот пораз.

На вториот домашен меч Томовски и соиграчите беа домаќини на Хамбург, меч што по голема борба го загубија со минимални 30-31. Пресудно се покажа првото полувреме во кое Хамбург беше подобар ривал и на одмор замина со водство од 14-17. Потсдам се обиде да се врати, но дури во последната минута дојде до еден гол негатива, па немаше време за целосен камбек и освојување на барем еден бод на денешниот натпревар.

Томовски немаше свој ден и го заврши мечот со само три интервенции, една помалку од неговиот тимски колега Ферјан. Најефикасни во победничкиот тим беа Андерсен со седум и Ласен со пет гола, додека прв стрелец на Потсдам во овој пораз беше Зимер со осум постигнати погодоци.

Се вчитува...