Нов пораз на Вашингтон и Јакимовски

Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон го запишаа и четвртиот пораз во низа, откако загубија од Јута со 56-71.

Уште во првото полувреме беше решен натпреварот откако гостите од Солт Лејк лесно стигнаа до двоцифрена предност. Македонскиот репрезентативец помина 25 минути на теренот во кои не успеа да се запише во листата на стрелци, а додаде седум скока и две асистенции.

Во моментов Вашингтон е на шестото место во Пацифик 12 дивизијата со скор од девет победи и пет порази.

Се вчитува...