Војдан Стојановски го претрпе и вториот пораз во низа на стартот од француското првенство, откако неговиот тим Гравелин Данкерк загуби на домашен терен од Лимож со резултат 65-77.
Уште од самиот почеток стана јасно дека Лимож ќе доминира на овој натпревар, гостите ја добија првата четвртина со 9-17, набрзо стигнаа и до двоцифрена предност и го контролираа резултатот до самиот крај. Данкерк се врати од „минус 20“ во последната четвртина, Стојановски и соиграчите се приближија на само шест поени негатива (65-71), но немаа сили за целосен пресврт.
Македонскиот капитен постигна пет поени во првата четвртина од вкупно деветте на неговиот тим, но Стојановски поголемиот дел од остатокот од мечот го мина на клупата. Тој одигра вкупно 14 минути од мечот, реализирајќи седум поени (1/2 за три, 2/2 за два поени), надополнети со два скока и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА