Нов пораз за Дончиќ и Далас (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и неговиот Далас Маверикс доживеаја втор пораз во низа во НБА лигата откако синоќа загубија на гостувањето кај Вашингтон Визардс со 113-105.

Кајл Кузма со 36 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај Мавс Спенсер Динвиди заврши со 33, а Дончиќ постигна 22 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Атланта – Филаделфија 104-95, Мајами – Шарлот 117-112 и Њу Орлеанс – Портланд 95-106.

Се вчитува...