Филип Миркуловски со тимот на Вецлар загуби на гостувањето кај Минден с0 24-22, бво натпреварот од 13.коло во Бундеслигата. Ова е втор пораз по ред, вкупно деветти за Вецлар во германскиот шампионат по кој падна на 12.место на табелата.
Во поголем дел од мечот, Вецлар беше во инфериорна позиција, а домаќините одржуваа предност од 2-3 гола. Во финипот на првиот дел гостите успеаја да ја анулираат негативата и да дојдат до минимално водство, а на одмор заминаа со резултат 12-12.
Во вториот дел Минден одново ја презеде иницијативата, Вецлар успеа да се врати во игра во последната четвртина кога повторно на кратко имаше водство од 18-19. Но, потоа Минден направи серија од 6-1 и го реши натпреварот во своја полза.
Миркуловски го заврши мечот со еден погодок, а најефикасни во составот на Вецлар беа Емил Офорс и Александер Херман со по четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА