Нов пораз за српските ватерполисти на ЛОИ во Париз

Актуелниот бранител на златниот медал од игрите во Токио, Србија го доживеа и вториот пораз на машкиот ватерполо турнир во Париз откако денеска загуби од Шпанија со 15-11.

По неочекуваниот пораз од Австралија пред два дена, Србите денеска беа аутсајдери против репрезентацијата на Шпанија па на крајот и повеќе од заслужено го запишаа вториот пораз и со тоа ги намалија своите шанси за пласман меѓу осумте најдобри.

Aлваро Гранадос Ортега со четири гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Душан Мандиќ исто така постигна четири гола.

Се вчитува...