Екипата на Вулверхемптон се засилува со уште еден Португалец. Во Премиерлигата доаѓа Гонзало Гуедеш, досегашниот напаѓач на Валенсија кому му беше дозволено да направи трансфер од страна на тренерот Џенаро Гатузо.
Гуедеш е во Валенсија веќе пет години, а претходно беше дел од ПСЖ и Бенфика. Тој ќе треба да ја зголеми конкуренцијата во „волците“ кој имаат „португалски шмек“. Во моментов во оваа екипа настапуваат голманот Са, потоа Жордао, Нето, Невеш, Поденс, Чикињо, Семедо и Мутињо.
25-годишниот Гуедеш ќе потпише договор на пет години, односно со важност до 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

