Нов „потоп“ на Партизан: Убедлив пораз и од Панатинаикос

Кошаркарите на Партизан тонат се подлабоко во Евролигата, откако го претрпеа и деветиот пораз во 13-тиот натпревар сезоната. Белградските „црно-бели“ беа поразени на гостувањето во Атина кај Панатинаикос со 91-69.

Тренерот Жељко Обрадовиќ ќе има што да им каже на своите избраници, особено за играта во третиот период кога постигнаа мизерни шест поени, наспроти 25-те на домашната екипа. Иако добро почна Партизан, сепак, на полувремето замина со негатива, а потоа следуваше и целосен „потоп“. Оваа победа на грчкиот тим и се очекуваше, со оглед дека влезе како огромен фаворит во мечот, и покрај проблемите во играчкиот кадар кој ги имаа „зелените“.

Партизан немаше решение за Нан кој постигна неверојатни 26 поени, додека кај Партизан Браун постигна 16. Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс постигна скромни пет поени во 13 минути игра на овој меч.

Се вчитува...