Унгарскиот првак Веспрем објави дека најновото тестирање на Covid-19 дало и еден позитивен резултат. Станува збор за поранешниот ракометар на Вардар, Хорхе Македа, кој имал благи симптоми откако се вратил од настапите за шпанската репрезентација за време на ЕХФ-неделата.
Добра вест за Веспрем е што за разлика од претходниот пат, кога целиот тим мораше да замине во изолација, овојпат унгарските власти дале зелено светло негативните играчи да продолжат со предвидените активности.
Според тоа, Манасков и соиграчите ќе продолжат со натпревари, па неделава се очекува да ги одмерат силите со екипите на ФТЦ Будимпешта и на Егер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА