Македонската репрезентација во хокеј на лед в понеделник го почнува настапот на „IIHF Development cup“, натпеварување кое важи за неофицијално Светско првенство за држави без затворени арени за овој спорт.
Ова натпреварување ќе се одржи во Фусен, Германија, а на него покрај нашата репрезентација ќе учествуваат и Ирска, Португалија и Андора. Прв противник на нашите хокеари ќе биде селекцијата на Република Ирска.
Селекторот на македонската репрезентација Ѓорѓи Грчевски и помошникот Христо Аиновски ги повикаа следните играчи:
Голмани: Владимир Илиевски и Рок Шарлохар Реџепов,
Одбрана: Владимир Атанасов, Кристијан Грчевски, Лука Урбас, Владимир Мангаровски, Андреј Василев Напад: Стефан Децковски, Дмитриј Прокудин, Јуре Стопар, Кристијан Ташевски, Нејц Турк, Петар Трпески, Бојан Василковски, Самуел Наумовски Викиус.
Со македонската репрезентација се наоѓаат и потпретседателот на Федерацијата, Ферхат Тозунлер и директорот на репрезентацијата, Зоранчо Гриовски. Националната селекција во неможноста да се тренира во Скопје, се наоѓа во Јесенице, Словенија, каде што ќе се прават последните подготовки за настапот.
По настапите во квалификациите за светски првенства во инлајн хокеј, ова за македонската репрезентација е прв официјален настап на лед во организација на Светската хокеј федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА