Нов предизвик за младите македонски репрезентативци: На турнир на Европската пинг-понг федерација

Девет македонски пинг понгари од 26 до 30 ноември ќе настапат на меѓународен турнир во Беочин, Србија, дел од серија на Европската пинг-понг федерација.

Сара Ризовска, Кристијан Каламадевски, Бојана Јовевска, Јован Пармачки, Матеја Смолиќ, Мартин Ристески, Давид Јоноски, Калина Митева и Кристијан Митев ќе настапат во категориите до 13 и до 15 години.

„Ова е уште еден предизвик за најмладите пинг понг надежи, а учеството е дел од инвестирањето на Македонската пинг понг федерација во младите кадри и иднината на спортот“ – информираат од Пингпонгарската федерација на Македонија.

Се вчитува...