Марио Хезоња сепак нема да заврши во Барселона. Сагата околу хрватскиот кошаркар продолжува. Најпрво по освојувањето на титулата со Реал посочи дека ќе остане во Мадрид, а ден подоцна експлодираше трансфер бомбата дека се договорил со Каталонците и дека ќе потпише договор до 2028 година.
Шпанскиот весник „Ас“ тврди дека ситуацијата се искомплицирала и дека има шанси хрватскиот кошаркар на крајот да не оди во Барса. Наводно, причината за ова е токму изјавата што ја даде по финалето кога го пофали Мадрид, а тоа не им се допадна на клупските челници, па сега наеднаш се се смени.
Наводно, тоа е причината за пресвртот, а на социјалните мрежи се огласија дури и навивачите на Барса. „По сите изјави што ги даде, гестови и исмејување, имаме јасна порака. Марио? Не, благодарам“, пишуваат фановите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА