Фудбалерот на Челси, Диего Коста, по сите изгледи ќе се пресели во саудискиот клуб Ал Хилал, со цел да може во јануарскиот преоден рок да го комплетира посакуваниот трансфер во Атлетико Мадрид. Според информациите од Англија, Челси и Атлетико се договориле Коста да биде продаден за сума од 60 милиони евра, а сега раководството на шпанскиот гигант треба да најде решение за фудбалерот, каде ќе тренира и игра до јануари, за да ја одржи формата и биде веднаш достапен за „јорганџиите“.
Бразилецот пред неколку дена замина за во Мадрид, а пред два дена бил забележан во локално кафуле каде го следел мечот меѓу Рома и Атлетико Мадрид. Коста нема намера да се врати во Лондон, се спротивставува на сите услови кои англискиот првак ги постави, за да му ја овозможат преселбата во шпанската престолнина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА