Учениците ќе тргнат на училиште, а фудбалот ќе добие нов прв човек. На 1.септември, ќе биде одржана Вонредна изборна седница на Генералното собрание на ФФМ, со единствена точка на дневниот ред, избор на нов претседател. Тој ќе треба да го наследи Илчо Ѓорѓиоски во Куќата на фудбалот.
„Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на одржаната седница на 31. јули 2018. донесе одлука за одржување Вонредна изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател на 01. септември 2018. година. Местото и времето на одржување на Вонредна изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател дополнително ќе биде одредено“, објави Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА