Ливерпул ќе биде значително ослабен за неделното гостување против Арсенал во рамките од ФА Купот на Англија, откако Јирген Клоп по Мохамед Салах и Ватару Ендо остана без услугите на уште еден стандарден првотимец.
Салах ќе патува на Купот на Африкански Нации, Ендо како капитен ќе ја предводи Јапонија на Купот на Азија, а Клоп нема да може да смета ниту на Доминик Собослаи. Унгарскиот плејмејкер се пожали на болка во мускулот во второто полувреме од последниот меч со Њукасл, повреда што се уште не е целосно санирана.
„Ќе треба да почекаме. Доминик е добро расположен, не чувствува преголема болка, но нема шанси да настапи в недела со Арсенал, но и потоа в среда против Фулам во лига-купот. Ако се е во ред, тој ќе се врати наредниот викенд“, обелодени Клоп.
Стратегот на Ливерпул не може да смета ниту на Робертсон и Цимикас, како и на Жоел Матип и на Тијаго Алкантара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА