Милан ќе биде значително ослабен на неделното дерби со Интер откако Исмаел Бенасер и официјално отпадна од комбинација за настап на овој натпревар. Алжирскиот интернационалец се пожали на болка, а деталните прегледи покажаа мал проблем по кој е неопходно целосно мирување во следните седум дена.
„Росонерите“ денеска и официјално потврдија дека Бенасер нема да може да настапи против Интер, а тренерот Пиоли ќе треба да реши дали Побега или Круниќ ќе му прават друштво на Тонали во средниот ред на актуелниот првак на Италија.
Милан се наоѓа во сериозна криза, откако во последните три средби претрпе три убедливи порази, од Интер со 0-3 во Суперкупот на Италија, од Лацио со 4-0 и од Сасуоло дома со 2-5 во Калчо-лигата, што придонесе шампионот да падне на петтото место на табелата, со 15 бода заостанување зад лидерот Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА