Борусија Дортмунд се наоѓа во огромна резултатска криза, а згора на тоа тренерот Петер Бош се соочува и со нов сериозен проблем кога станува збор за повредите. Максимилијан Филип, кој играше одлично на стартот од сезонава, заработи незгодна повреда на последниот дуел со Баер Леверкузен, а по деталните прегледи било утврдено дека проблемот е сериозен и овој 23-годишен фудбалер најмалку два месеци нема да може да настапува за „милионерите“.
„Повредата на Максимилијан Филип воопшто не е наивна. Станува збор за проблем со коленото, а паузата изнесува неколку месеци. Повеќе детали ќе се знаат по првата фаза од рехабилитацијата“ – соопштија од лекарскиот тим на Борусија Дортмунд.
Повреда на истиот натпревар заработи и Гонзало Кастро, кој ќе паузира најмалку дваесет дена од терените. Отсуството на двајцата првотимци дефинитивно ги зголемува проблемите на тренерот Бош пред гостувањето против Реал Мадрид, но и во обид да се прекине „црната серија“ од седум меча без победа во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА