Нов проблем – пропаѓа трансферот на Буфон во ПСЖ

Џанлуиџи Буфон се наоѓа многу близу до преселба во Пари сен Жермен, откако италијанскиот ветеран се согласи на понудените осум милиони евра годишно за наредните две сезони. Сепак, трансферот би можел да пропадне откако денеска беше обелоденето дека „светците“ се соочуваат со казната од УЕФА, која може да им ги промени плановите за претстојниот преоден рок.

Француските медиуми објавија дека трансферот е стопиран до средината на следната седмица, кога ќе биде обелоденета казната што УЕФА ќе му ја изрече на шампионот на оваа земја. Бидејќи станува збор за второ прекршување на финансискиот ферплеј, престап што му се случи на ПСЖ пред неколку години, за што доби финансиска казна од европската куќа на фудбалот. Овојпат се очекува санкциите да бидат посериозни, од ограничување на буџетот за плати, па можеби дури и до забрана за трансфери, па токму затоа „светците“ решија воопшто да не го потпишуваат договорот додека не го добијат конечниот одговор од УЕФА на оваа тема.

Воедно, и самиот Буфон е во исчекување на казната што ќе му биде изречена од УЕФА за црвениот картон заработен во финишот од дуелот со Реал Мадрид, за исклучувањето и за критиките и навредите што по мечот ги упати на адреса на судијата Оливер.

Се вчитува...