Проблемите на Микел Артета со повредите во таборот на Арсенал уште повеќе се зголемија откако Каи Хаверц се пожали на болка во коленото.
Германскиот офанзивец требаше да настапи на претстојните средби од Лигата на Нации против БиХ и Холандија, но Германската Фудбалска Федерација објави дека тој утре нема да се приклучи на националниот тим бидејќи има повреда на коленото.
Арсенал засега не излегол со конкретни информации околу повредата на овој фудбалер, но се очекува тоа да се случи во следните денови. Среќна околност за Артета е што сега следи репрезентативна пауза, по која „топчиите“ следниот меч го играат на 19 октомври на гостинки терен против Борнмут, по што ќе следи и големото дерби на домашен терен против Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА