Откако Барселона сака да се ослободи од голманот Марк-Андре тер Штеген, но тој одбива да го напушти тимот, сега уште еден фудбалер ја живее истата судбина.
Данскиот репрезентативец Андреас Кристенсен не сака да си оди од клубот, и покрај тоа што Барселона сака да го продаде и да заработи нешто од него, со оглед дека за една година ќе си оди како слободен агент, откако ќе му истече договорот, а Барса не му нуди нов договор.
Ал Наср покаува интерес, дури испратија понуда, но тој одбива да биде дел од тимот од Саудиска Арабија. Наводно на Кристенсен му се допаѓа животот во Барселона, и сака да остане и да се обри за место во тимот, исто како што најавува и Тер Штеген, и покрај тоа што веќе му беше доведена конкуренција во Жоан Гарсија од Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

