Нов проблем за Фенербахче: Повторно се повреди Пјер

Турскиот евролигаш Фенербахче се соочува со нова повреда. Дел од тимот во следниот период повторно нема да биде Дајшон Пјер кој ја обнови повредата на листот која не настана по контакт.

Канаѓанецот кој на 16 одиграни натпревари оваа сезона забележа 6.0 поени и 5.2 скокови на самиот крај на третата четвртина се пожали на повреда и не се врати во игра.

Првиот пат кога се соочи со оваа повреда беше во месец ноевмри. Тогаш Пјер пропушти четири натпревари на Фенербахче, а засега останува неизвесно колкаво ќе биде неговото остуство овој пат.

Се вчитува...