Интер се наоѓа во резултатска криза, а тренерот Симоне Инзаги ќе мора да се снаоѓа и без еден од клучните фудбалери во редовите на италијанскиот шампион откако Николо Барела заработи повреда на неделниот дуел со Милан.
Италијанскиот репрезентативец мораше предвреме да го заврши градското дерби , а деталните лекарски прегледи денеска потврдија дека повредата на мускулот не е наивна. Барела целосно ќе мирува во следните седум дена, за една седмица ќе замине на нови прегледи, а прогнозите на лекарскиот тим на Интер велат дека тој ќе се врати на терените дури по репрезентативната пауза.
Ова значи дека тој ќе ги пропушти следните две средби од Серија А, против Удинезе и Торино, како и наредниот дуел од Лигата на Шампионите во кој „нероаѕурите“ ќе ја пречекаат Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА