Нов проблем за Јунајтед: Повреди на Ериксен и на Хојлунд

Манчестер Јунајтед има нов проблем откако двајцата дански репрезентативци, Кристијан Ериксен и Расмус Хојлунд, претрпеа повреди поради кои ќе мораат да отсуствуваат извесен период од теренот.

Посериозна е ситуацијата со Ериксен, кој се пожалил на болка во коленото, а по деталните прегледи му било препорачано да паузира најмалку еден месец. Хојлунд веќе извесно време влечел незгодна повреда на мускулот, а сега дефинитивно ќе мора да одмори за да не дојде до посериозен проблем што би барал и хируршки зафат врз голгетерот.

Ерик тен Хаг се надева дека ќе го има скапиот напаѓач во својот тим на почетокот од месец декември, но Хојлунд речиси сигурно ќе ги пропушти првите две средби по репрезентативната пауза, гостувањата против Евертон во Премиер-лигата и против Галатасарај во ЛШ.

Се вчитува...