Нов проблем за Клоп: Крај на сезоната за големиот талент

Проблемите на Јирген Клоп околу составот на Ливерпул пред крајот на сезонава се зголемија по најновата повреда што ја заработи Стефан Бајчетиќ.

Шпанскиот фудбалер со српско потекло импресионираше со извонредни игри и се наметна како стандарден првотимец изминатиот месец. Клоп пред реваншот со Реал објави дека Бајчетиќ нема да игра поради повреда, а денеска стигна и потврда дека проблемот е сериозен и дека големиот талент нема да може да се врати до крајот на сезонава.

„За жал, заработив повреда поради која оваа сезона предвреме заврши за мене. Секако дека сум тажен, но и свесен сум дека тоа е дел од фудбалот и само ќе ме направи посилен, како на физички, така и на ментален план за во иднина. Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката што ја добивав во текот на сезоната, ве уверувам сите дека ќе дадам се од себе за да се вратам уште посилен“, објави Стефан Бајчетиќ.

Се вчитува...