Нови проблеми за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Иако во тимот за дуелот со Брентфорд ќе се врати Мохамед Салах, германскиот стратег нема да може да смета на својот прв голман Алисон Бекер, кој заработи повреда на коленото на тренинг.
Алисон исто така не беше на голот минатата недела на дуелот со Барнли бидејќи имаше грип. Деталите за повредата што ја заработи на последниот тренинг пред патувањето во Лондон ќе бидат познати по сите детални прегледи.
Клоп на мечот против Брентфорд нема да може да смета и на Трент Александар-Арнолд, Доминик Собослај и Тиаго Алкантара. Она што може да го израдува Јирген Клоп е враќањето на Мохамед Салах, кој го немаше во составот од почетокот на Африканскиот куп на нации каде заработи повреда на тетивата.
По повредата се враќа Конор Бредли, како и Ибрахима Коната која ја одлежа суспензијата од еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА